Спинацола за првпат оваа сезона ќе биде во составот на Рома

by
1 минути читање

По девет месеци од повредата која ја заработи за време на Европското првенство, Леонардо Спинацола гледа светло на крајот од тунелот.

Според „Скај Спорт“, Спинацола ќе биде во составот на Рома за утрешниот меч со Салернитана.

Тој вчера тренираше со остатокот од тимот, но не беше од вежбите со топка, па се очекува да го преседи на клупа мечот со Салернитана, да не влезе во игра.

Мурињо сака Спинацола да се почувствува како дел од тимот и полека да го инволвира во активностите. Утрешниот меч ќе го следи од клупата, но на некој од следните ќе добие минути.

Ова се гледа како важен чекор во враќањето на Спинацола во погон.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×