Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд се најскапите фудбалери на трансфер пазарот во моментов и големи се шансите и двајцата да ги променат клубовите ова лето.
Мбапе силно се поврзува со Реал Мадрид, а за Халанс се шпекулираше дека е мета на Барселона, но поголеми се шансите да замине во Манчестер Сити.
Дани Алвеш вели дека не би дал големи пари за Халанд, за него подобар е Мбапе.
„Не би фрлил многу пари за Халанд. Искрено, не би потрошил многу пари на него. За Мбапе да, но не за Халанд“, вели Алвеш.
„Доколку јас бев спортски директор, Мбапе ќе ми беше првата цел, тој е покомплетен во сите аспекти“.
„Во моментов нема подобар од Мбапе, тој одлично би се вклопил во стилот на Барселона“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.