„Сите го обвинуваат Менди, но Ридигер реагираше како веќе да има договорено трансфер“ (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Челси доживеа тежок пораз од Реал Мадрид на свој терен, а третиот гол беше примен по неверојатен кикс на голманот Едуард Менди.

Вината на Менди никој не може да ја негира, но Агбонлахор како аналитичар на „Топк спорт“ вели дека Ридигер можел да реагира многу подобро и ја поправи грешката на својот голман.

„Јасно е дека додавањето на Менди беше лошо, но Ридигер интервенираше со страв да не се повреди. Како веќе да има договорен трансфер, како да се плаши дека може да се повреди кога веќе се е договорено“, вели Агбонлахор.

Договорот на Ридигер со Челси истекува по крајот на оваа сезона, а еден од клубовите со кои се поврзува е и Реал Мадрид.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК

Можно е и ова да ти се допаѓа

×