Витали Кутузов
важеше за голем талент, во 2001 направи направи трансфер во Милан, но откако не
се снајде на Сан Сиро, беше испратаен на позајмица во Спортинг.
Белорусинот во
Лисабон имаше прилика да дели соблекувална со Кристијано Роналдо.
„Бевме две деца
во тим од шампиони кои имаа освоено се. Тој имаше 17 години, јас имав 21
година. Ме прашуваше за Милан, како е да се тренрира со играчи од таков
калибар“ – раскажува Кутузов во разговор со новинарот Џанлука Ди Марцио.
„Роналдо тогаш
беше поинаков фудбалер, тогаш дриблаше многу, сега е покомплетен фудбалер и
придонесува на секој начин“.
Тој потоа раскажа
една интересна приказна: „Често делевме соба. Се сеќавам на моментот кога го
купи првиот автомобил, Мерцедес кој не знаеше како да го вози. Но задоволството
да дојде на тренинг со автомобилот кој го купил, тоа беше бесценето“.
Очигледно
автомобилите му биле слаба страна на Кристијано Роналдо уште во младоста.
Португалецот сега има огромна колекција на луксузни автомобили во својата
гаража која вреди десетици милиони евра.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.