Трето полувреме во Норвешка, тренерот на Бодо/Глимт го нападнал тренерот на голманите на Рома

by
1 минути читање

Рома со 2-1 загуби од Бодо/Глимт, а случувањата надвор од теренот дополнително го мотивираат италијанскиот тим во пресрет на реваншот.

„Нешто многу непријатно само што се случи“, изјави Пелегрини кој требаше да даде изјава за „Скај Спортс“.

„Нивниот тренер само што го нападна нашиот тренер на голманите. Прво му рече неколку работи, а потоа физички го нападна“.

„Штета е што во четвртфинале се игра на ваков терен (вештачка трева) каде не можете да ја контролирате топката, не знаете како ќе се одбие и каде ќе отиде. Но нема изговор, за една недела ќе имаме шанса да победиме“.

„Искрено, се уште сум во шок од тоа што го видов, апсолутно е срамота. Сега сакаме да го елиминираме Бодо и поради тоа што се случува надвор од теренот“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Според „Скај Спортс“ норвешката полиција го испрашувала тренерот Кнутсен, тренерот на голманите на Рома Нуно Гомеш и фудбалерите кои биле сведоци на инцидентот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×