Мурињо се враќа на местото кое му буди кошмарни спомени, но вели дека е среќен што е таму

by
1 минути читање

Бодо/Глимт во октомври минатата година му го нанесе на Жозе Мурињо најтешкиот пораз во кариерата. Норвешкиот тим во групната фаза ја победи Рома со неверојатни 6-1.

Мурињо беше бесен по тој пораз, но убеден е дека таа кошмарна ноќ денеска не може да му се повтори, вечерва на теренот ќе излезе друга Рома која треба да се одмазди.

„Среќен сум што се враќам тука и се надевам дека ќе биде подобро од минатиот пат“, со насмевка прокоментира Мурињо на прес-конференцијата.

„Отсекогаш сум велел дека не сакам вештачка трева, фудбалот се игра или на трева или тоа е друг спорт. Но немаме изговори, се игра во два меча и сакаме да се пласираме во полуфиналето“.

„Го почитуваме Бодо бидејќи тие и на Олимпико покажаа дека се одличен тим“.

„Ова ќе биде поинаков меч споредено со тој во октомври, многу од фудбалерите кои тогаш играа сега не се ни тука, како Брајан Рејнолдс, Гонзало Виљар, Борха Мајорал…“.

„Ние сме поинаков тим сега и сакаме да играме во полуфинале. Беше драма во октомври бидејќи загубивме 6-1, тоа е повеќе од само пораз“.

„И Бодо промени неколку фудбалери, но профилот е многу сличен, тие ги имаат истите идеи за фудбал. Ние сме многу посилни од претходно и се надевам дека тоа ќе направи разлика“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×