Бензема беше ѕвздата на вечерта против Челси, французинот игра во голема форма, тој е главен фудбалер на кралскиот клуб во овој период.
„Магична ноќ. Како и против ПСЖ и на овој меч влеговме на теренот за да победиме. Работите се одвиваа добро од првата до последната минута. Се боревме до крајот“, вели Бензема.
Покрај двата гола во првото полувреме, Бензема имаше и едно големо промашување кое му стоело во глава се додека не го постигнал и третиот гол. Затоа го бира токму тој.
„Сите три гола се многу добри, но би го одбрал третиот бидејќи направив грешка во првото полувреме и го имав тоа во мојата глава“.
„Карло Анчелоти е еден од најдобрите тренери во светот, имаме многу доверба во него“.
„Ништо не е готово, има и реванш и ќе дадеме се од себе за да победиме“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.