Агентите на
ѕвездата на Реал Мадрид, Марко Асенсио потврдија дека за нивниот клиент има
интерес од страна на Милан и Арсенал, а се верува дека Шпанецот уште во летниот
преоден рок би можел да ја промени средината.
Тоа што Асенсио
интернационалната пауза ја искористи да помине неколку денови во Италија,
дополнително ги подгреа шпекулациите за неговата иднина.
„Горди сме на
интересот од Милан, тоа е клуб кој е опција во моментов, но на маса постојат
понуди од неколку англиски клубови, вклучувајќи го и Арсенал, ќе ги разгледаме
детално сите понуди“ велат агентите на Асенсио.
Актуелниот
договор на Асенсио со Реал Мадрид истекува идната година, а „Кралевите“ веќе му
понудија нов договор со годишна плата од 5 милиони евра, а наводно клубот од
Мадрид ќе чека одговор од крилниот напаѓач до крајот на сезоната.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.