Договорот на Заниоло со Рома истекува во јуни 2024 година. Иако важи за голем талент, тој не прикажа многу оваа сезона под водство на Мурињо, а на големото дерби со Лацио беше оставен на клупата за резерви.
Жозе Мурињо веројатно нема да се противи многу доколку раководството на Рома реши да го продаде Заниоло, но Португалецот ќе се обиде да го извади максиумот од неговото заминување.
Рома го проценува Заниоло на околу 70 милиони евра, таа сума е премногу висока, не се очкува да ја платат ниту Наполи, ниту Јувентус, па веројатно во понудата ќе се обидат да ја намалат со праќање на некој фудбалер во спротивен правец.
Нема да биде изненадување доколку Мурињо го побара Елиф Елмас кој е фудбалер токму по негов терк.
Елмас може да игра буквално на сите позиции во средниот ред, а таа негова разновидност во нетолку длабокиот состав на Рома би дошла како порачана за Жозе Мурињо.
Наполи го сака Заниоло како замена за Инсиње кој од следната сезона оди во Торонто, доколку го ценат повеќе од Елмас би можеле да загризаат за една таква размена со нивна доплата, но прашање е дали нашиот фудбалер би сакал такво нешто.
Трансфер од Наполи во Рома може да се протолкува како чекор назад во кариерата на Елмас, но од друга страна пак за некои фудбалери е привилегија да се работи со Мурињо кој сигурно планира да создаде тим за враќање во Лигата на шампионите.
Ако работата дојде до фаза во која Мурињо треба да го убедува Елмас да дојде во Рома, Португалецот како адут го има Горан Пандев со кого има одличен однос и се уште е во комуникација.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.