Манчестер Сити
обезбеди предност од 1-0 по првиот натпревар против Атлетико Мадрид во
четвртфиналето од Лигата на шампиони. На сите им беше јасно дека Диего Симеоне
ќе постави цврста одбрана, гостите во еден момент беа со формација 5-5-0.
„Предчуствуваме
дека ќе играат со 5-3-2, но во текот на мечот се прилагодија, го поставија
Гризман на десното крило а Жоао на левото крило и играа со 5-5-0. Играа со две
линии од по пет фудбалери. Во праисторија, денеска па и за 100.000 години,
тешко е да се напаѓа 5-5-0 формација. Немаше простор. Се бранеа навистина добро“
– вели Пеп Гвардиола.
„Потребно е
трпение, на паузата им кажав на моите момци дека играат добро и не треба да
бидат загрижени. Мечот се отвори на стартот од вториот дел и постигнавме гол“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.