Ливерпул се чини дека си ја заврши задачата уште во Лисабон, би било чудо ако Бенфика на Енфилд дојде до резултат кој ќе ги однесе во полуфиналето.
„Морам да дадам големи комплименти за Бенфика, нивните играчи се бореа за нивните животи, особено кога ја отворивме вратата малку за нив“, вели Клоп.
„Беше јасно дека кога ќе дадат гол ќе ја вратат атмосферата и публиката ќе се вжешти. Добрите тимови знаат да го искористат тоа“.
„Натпреварот беше поотворен отколку што посакував, на крајот дадовме и трет гол, но мислам дека сите ќе се сложат дека можевме да постигнеме повеќе голови и требаше да го направиме тоа“.
„Не беше лесно. Ништо не е готово, ова е само прво полувреме по кое ние имаме два гола предност. Бенфика сега ќе дојде на Енфилд и ќе сака да направи резултат, треба да бидеме внимателни“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.