Почетни состави за двете четвртфинални пресметки во ЛШ (ФОТО)

by
1 минути читање

Вечерва се играат
две четвртфинални пресметки во Лигата на шампионите, Бенфика на домашен терен
го пречекува Ливерпул, а пак Манчестер Сити пред своја публика ќе ги одмери
силите со Атлетико Мадрид.

Веќе се познати
почетните состави за обата меча, па од тоа што можеме да го забележиме,
Манчестер Сити тргнува доста офанзивно против Атлетико Мадрид со формациска
поставеност 4-3-3, гостите нешто попретпазливо, односно 5-3-2.

„Граѓаните“ ќе
напаѓаат со триото Марез, Стерлинг и Силва, а „Јорганџиите“ со Гризман и
Феликс.

Што се однесува
пак до дуелот помеѓу Бенфика и Ливерпул, домаќинот ќе настапи во формациска
поставеност од 4-4-2, додека пак гостите со 4-3-3.

Кај Португалците
ќе напаѓаат Рамос и Нунез, а кај гостите Диаз, Мане и Салах.

За утревечер се
предвидени и двете преостанати четвртфинални пресметки каде Челси на домашен
терен го пречекува Реал Мадрид, односно Виљареал пред своја публика ќе ги
одмери силите со Баерн Минхен.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×