Баерн поради аматерска грешка може да го изгуби натпреварот против Фрајбург!

by
1 минути читање

Баерн Минхен попладнево стигна до триумф од 1-4 на гостувањето кај Фрајбург. По прво полувреме без погодоци, актуелниот шампион на Германија поведе во 58. минута со голот на Горецка. Домаќините изедначија пет минути подоцна преку Петерсен, за Гнабри во 73. минута да зголеми на 1-2, а Коман во 82. минута да зголеми на 1-3. Конечниот резултат го постави Забицер длабоко во судиското надополнување.

Сепак, големи се шансите Баерн Минхен службено да го загуби натпреварот откако во 85. минута на теренот имаше 12 фудбалери, Кингсли Коман дури играше со топката иако требаше да биде на клупата.

Фрајбург сега има рок од 48 часа да достави жалба и доколку го стори тоа, Баерн сигурно ќе остане без трите бода бидејќи правилата на ФФГ се јасни при ваква ситуација.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×