Лукаку ги моли директорите на Интер да го вратат, ќе игра и за двојно помала плата

by
1 минути читање

Иако претходно им ветуваше на навивачите на Интер дека нема да го напушти клубот, кога стигна богатата понуда од Челси тој замина во Лондон, но работите таму не се одвиваат како што тој сака.

Лукаку е во Челси, но со мислите е во Интер. Тој ги разочара фановите во едно интервју со италијанските медиуми кога кажа дека сака да се врати во Милано, потоа се извинуваше. Но очигледно желбата за враќање во Интер му станува се посилна.

Тој е во контакт со директорите на Интер, Пјеро Аусилио и Бепе Марота и побарал да го вратат во клубот. Им рекол дека ќе прифати и 50 проценти помала плата за само да се врати.

Сепак Челси за трансферот на Лукаку плати 113 милиони евра и тие се прашуваат за негова продажба. Ако тие не сакаат да ја намалат оваа сума за да го продадат на Интер, италијанскиот клуб сигурно не би платил толку.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×