Скај: Барса на тајни преговори со агентот на Ридигер, разговарале три часа (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Антонио Ридигер ги одработува послендите месеци од договорот со Челси, може беспари да направи трансфер, па голем број на клубови пројавуваат интерес за неговите услови.

Како што пренесува Скај Германија, вчера во Барселона се одржале тајни преговори, спортскиот директор на „каталонците“, Матеу Алемани и неговиот заменик Жорди Кројф дури три часа разговарале со агентот на Антонио Ридигер, Сар Сенеси.

Во меѓувреме, добро упатениот новинар Фабрицио Романо вели дека Антонио Ридигер се уште нема донесено одлука за својата иднина. Германецот ги разгледува понудите кои ги добил, а и чека да види што ќе се случи со Челси.

Фабрицио Романо додава дека на адреса на Антонио Ридигер пристигнале понуди од клубови од Шпанија, од ПСЖ и Јувентус. Баерн Минхен повеќе не е во трката за неговиот потпис.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×