Селекторот на
Шпанија, Луис Енрике го повикал на разговор голманот Давид де Хеа пред да го
објави списокот на фудбалери кои ќе учествуваат во мартовската интернационална
пауза, односно контролките со Албанија и Исланд.
Де Хеа за прв пат
не се најде во националниот состав по дебито во 2014 година под кормилото на
Висенте дел Боске, а познати се воедно и деталите од разговорот кој го имал со
Енрике, кој инаку лично му ја образложил причината за таквата одлука.
„Давид, сакам да
се обидам со другите голмани“ биле зборовите на Енрике до Де Хеа, со тоа што
голманот на Манчестер јунајтед наводно ја прифатил одлуката на селекторот, со
тоа што изразил благодарност на тоа што бил информиран на таков начин.