Англија славеше
со убедливи 3-0 над Брегот на Слоновата Коска во пријателски натпревар, а
головите за победничкиот табор ги постигнаа Воткинс, Стерлинг и Мингс во еден
комбиниран состав на фаворитот.
Сепак, пред
самиот старт на мечот Хари Мегваер беше исвиркан од домашните фанови во знак на
негодување од нивна страна поради честите грешки кои стоперот на Манчестер
јунајтед ги прави во играта, за што очигледно не се согласува и селекторот
Герет Саутгејт.
„Помислив дека
тоа е шега, една апсолутна шега, тоа што тој го стори за нас, начинот на кој
придонесувал за Англија, не разбирам…“ рече по мечот Саутгејт во чудење за
ситуацијата во која се најде дефанзивецот кој ужива голема доверба кај
селекторот.