Бразилецот Рафиња
е една од желбите на Барселона, се говори дека „каталонците“ веќе се имаат
договорено со офанзивниот фудбалер. Претседателот Жоан Лапорта не сакаше да ги
коментира ваквите шпекулации но потврди дека редовно добиваат извештаи за
играчот, неговиот агент Деко ги известува за ситуацијата.
Според пишувањата
на Спорт, првата понуда до Лидс била 35 милиони евра и одговорот од „белите“ бил
негативен.
Весникот пренесува
дека Барса на маса ставила нова понуда вредна 50 милиони евра, односно 40 милиони
евра, плус додатни 10 милиони евра во бонуси.
Но многу работи
зависат од иднината на Осман Дембеле, Спорт додава дека нема шанси двајцата да
бидат дел од тимот, бидејќи се работи за сличен профил на играчи.
Последните
информации велат дека „каталонците“ стапиле во контакт со агентите на Осман
Дембеле и предложиле повторно да бидат отворени преговорите за продолжување на
соработката. Агентите го прифатиле предлогот и ќе слушнат што има да понуди
клубот од Камп Ноу.
Во случај двете
страни да си подадат рака за нова соработка, Барселона нема да тргне по потписот
на Рафиња.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.