Барселона се поврзува со речиси сите големи напаѓачи кои се очекува да направат трансфер во летниот период, но Лапорта вели дека тие нема да можат да си ги дозволат најголемите.
„Халанд или Мбапе во Барселона? Условите кои ми ги кажаа за одвие два договори… никогаш не би прифатиле да потрошиме толку пари, нема шанси. Мислам дека и двајцата се многу далеку од Барса“, вели Лапорта.
Потоа претседателот на Барселона беше прашан дали би можел да дојде некој од Салах или Левандовски.
„Најдобрите фудбалери сакаат да играат за Барселона. Тоа е факт. Не можам да кажам дали сме во преговори за Левандовски и Салах или не сме, во клубот ми рекоа дека правам проблеми во преговорите со играчите“.
Тој потврди дека имаат комплетирано две засилувања за следната сезона, не сакаше да каже имиња, но јасно е дека тоа се Френк Кеси и Андреас Кристенсен.
„Комплетиравме две засилувања за следната сезона, едниот е играч од средниот ред, другиот е централен дефанзивец. Но не ми е дозволено да им ги кажам имињата“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.