Трајковски: Пандев ми се јави по победата над Италија, не знам дали ќе се врати ако играме на Светско првенство

by
1 минути читање

Македонија на „Драгао“ ќе брка билет за Светското првенство против Португалија, „црвени-жолтите“ се изборија за историска шанса откако минатата недела со голот на Александар Трајковски славеа против Италија.

„Кога топката стигна до мене, не видов ниту каде е голот, ниту каде е голманот, ништо… Само си реков, „шутирам, па што биде, нека биде“. Во тој удар го вложив последниот атом енергија. Ја удрив топката со сета сила и во прв момент не можев да видам дали ја затресов мрежата, пред мене имаше двајца или тројца играчи. Тоа чувство кога разбрав дека е гол, не можам да ви го опишам“ – вели Александар Трајковски во разговор со Блиц.

Тој потоа беше запрашан дали Горан Пандев би можел да се врати во репрезентацијата доколку биде обезбеден настап на мундијалот во Катар.

„Ми се јави Горан по победата на Италија. Добро знае колку ова ни е важно и одма ми честиташе. Рече дека треба на ист начин да одиграме и против Португалија, да одиграме храбро. Не знам дали би можел да се врати во репрезентацијата. Секако дека ни недостасува таков ас, знаевме дека нема да биде исто по одлуката да се повлече од репрезентацијата, но моравме да го почитуваме неговиот избор“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×