Овие тројца фудбалери заедно со Марко Верати, Џанлука Манчини и Доменико Берарди добија дозвола од Роберто Манчини да го напуштат репрезентативниот камп и да не го играат мечот со Турција.
Италијанските медиуми пишуваат дека мечот со Македонија за Инсиње, Имобиле и Жоржињо би можел да е последен во дресот на Италија.
Инсиње и Жоржињо не се во добра форма, играат променливо и во своите клубови, а Имобиле за разлика од Лацио, за Италија прикажува слаби партии. Така беше и на Европското првенство на кое станаа шампионите.
По поразот од Македонија, неминовни се промени во селекцијата на Италија, нејасно е дали Манчини ќе остане селектор, но без разлика на тоа, ќе има освежување во тимот.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.