Тоа се Фабио Канаваро, Роберто Де Зебри и Џенаро Гатузо, тие би биле кандидати за нов селектор на Италија.
„Газета дело Спорт“ пишува дека Фудбалската федерација на Италија и фудбалерите сакаат Роберто Манчини да остане селектор, но тој по мечот со Турција ќе ја каже својата одлука, дали ќе продолжи или ќе си поднесе оставка.
Легендарниот Фабио Канаваро е прв кандидат за наследник на Манчини. Тој нема тренерско искуство во Европа, но работеше во Дубаи, Саудиска Арабија и Кина каде со Гуангжу Евергранде ја освои лига титулата. Се вели дека во неговиот стручен штаб би можел да дојде и искусниот Марчело Липи.
Друг кандидат е Џенаро Гатузо кој откако раскина со Наполи е слободен тренер. Опција за нов селектор е и поранешниот тренер на Сасуоло, Роберто Де Зебри кој е тренер на Шахтар, но поради ситуацијата во Украина лесно би можел да го раскине договорот со тој клуб.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.