Манчини имал долг состанок со фудбалерите

by
1 минути читање

Италија на второ Светско првенство по ред не успева да се пласира, тоа не им се случило никогаш претходно. Овојпат на патот до Мундијалот ги сопревме ние.

Италијанците во вторник играат против Турција која загуби од Португалија, но тој меч е обичен пријателски дуел, не носи ништо важно.

Според „Скај Спортс“, Манчини состанокот го одржал на средина од теренот во тренинг центарот, тој не дал знаци на предавање по тешкиот пораз од Македонија.

Манчини бил мноу смирен и рекол дека сака да остане на функцијата, нема намера да се повлече, но главната улога ќе ја има Фудбалската федерација на Италија.

Некои медиуми сметаат дека ова можеби е говор на Манчини за да ги смири фудбалерите пред мечот со Турција, а кога тој ќе заврши би можел да си поднесе оставка.

Во понеделник е редовната прес конференција пред мечот со Турција, па се очекува тогаш Манчини да каже повеќе за неговата иднина.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×