Барса ќе го задржи Гави, но ризикува да го загуби Араухо

by
1 минути читање

Откако потпиша нови договори со Педри и Ансу Фати, сега на ред се Гави и Араухо.

Агентот на Гави, Иван де ла Пења ќе има нова средба со раководството на Барселона на која ќе продолжат разговорите за нов договор.

Двете страни се оптимисти дека ќе најдат решение и ќе биде потпишан нов договор.

Но, таква не е ситуацијата со Араухо. Неговиот агент, Флавио Перкман доставил барања до Барселона за кои клубот смета дека се превисоки.

Барселона нема намера да отстапи од последната понуда која ја има дадено за Араухо, чиј актуелен договор истекува во јуни 2023.

Доколку некоја од двете страни не отстапи од својот засега тврд став, договор нема да биде постигнат.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×