Рома ја одреди цената на Заниоло, Јувентус сака да прави трампа

by
1 минути читање

По одлуката да не
се продолжи договорот на Пауло Дибала, голем број на извори пренесоа дека
Јувентус летоска ќе тргне по потписот на Николо Заниоло.

Според пишувањата
на Газета дело Спорт, Рома нема лесно да се откаже од младиот Италијанец и ќе
бара околу 70 милиони евра за негова продажба.

Калчомеркато пак
пишува дека Јувентус сака да го вметне Вестон Мекини во зделката и да понуди
околу 50 милиони евра.

Во меѓувреме се
огласи и агентот на Николо Заниоло, кој рече: „Има многу гласини, и тоа со
месеци. Нормално е тоа што голем број на клубови се интересираат за шампион
како него, убаво е да се види тоа, но во моментов тој е играч на Рома“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×