Пол Погба и Жозе
Мурињо се судрија во неколку наврати во Манчестер јунајтед, Французинот дури
беше разрешен од функцијата заменик капитен поради недоразбирањата со
„специјалниот“.
Во разговор со Фигаро,
тој сега откри дека поради Португалецот паднал во депресија.
„Во неколку
наврати во мојата кариера бев во депрезија. Знаев дека сум во депрезија, но
најчесто не сакате да говорите за ова. Понекогаш не знаете дека сте во
депресија. Едноставно сакате да се одалечите од сите, да бидете сами. И овие се
тие знаци кои не лажат“ – вели Пол Погба.
„Моите проблеми
започнаа со Жозе Мурињо во Манчестер. Си поставувате прашања. Се чудите дали е
ваша вина, бидејќи претходно во животот не сте искусиле вакви моменти“.
Тој потоа додаде:
„И најдобрите атлети поминуваат низ вакви моменти но малкумина одлучуваат да
говорат за тоа. Неизбежно е, ќе почувствувате во вашето тело, во главата и нема
да ви биде добро со месеци или можеби и една година“.
„Ние фудбалерите
заработуваме многу пари и ретко се жалиле, но тоа не не спречува да минуваме
низ тешки моменти, како и сите други луѓе“.
„Дали треба секогаш
да бидете среќни само поради тоа што заработувате многу пари? Живтот не е таков.
Ние фудбалерите не сме суперхерои, и ние сме само луѓе“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.