Ако Суперлигата стане реалност, Јувентус ќе биде исфрлен од Серија А

by
1 минути читање

Нејасно е дали и каква казна ќе има од УЕФА за Јувентус доколку се формира Суперлигата, но Гравина беше многу јасен што ќе му се случи на клубот во Италија.

Јувентус е еден од основачите на Суперлигата и заедно со Реал Мадрид и Барселона остана да го турка проектот со надеж дека сепак ќе го реализира.

„Договорот е само хипотетички, но Јувентус ќе биде исклучен од Серија А доколку лигата стане реалност“, вели Гравина.

„Суперлигата е погрешен одговор за реалниот проблем. Италија мора да мисли како да ја направи лигата поатрактивна за странските пазари како што е арапскиот, каде што во моментов не е доволно застапена“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×