Манчестер јунајтед е во потрага по нов тренер. Ралф Рангник беше само решение до крајот на сезонава. Германецот ќе остане во клубот, но во раководните структури.
Според „Дејли Мејл“, во изминатите денови Тен Хаг бил на интервју во Манчестер јунајтед. Тие биле задоволни од она што го слушнале од стратегот, но тој е само прв од неколкуте кои треба да бидат интервјуирани.
На листата покрај Тен Хаг се уште и Маурисио Покетино, Хулен Лопетеги и Луис Енрике.
Се очекува до крајот на месецов или најдоцна во текот на следниот, Манчестер јунајтед да донесе одлука кој ќе биде новиот тренер.
Информациите велат дека Тен Хаг е фаворит, но клубот нема да одлучи пред да ги слушне идеите и на другите кандидати.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.