На повидок нов „случај Дембеле“ во Барселона

by
1 минути читање

Барселона и Роналд Араухо со месеци водат преговори за продолжување на соработката, но двете страни никако не можат да пронајдат заеднички јазик.

Според Радио Каталонија, на повидок е нов „случај Дембеле“ откако раководството на клубот го известила агентот на дефанзивецот дека нема да ја зголемат понудата која е на маса.

Барселона смета дека предлогот кој го доставиле е соодветен за партиите кои ги прикажува Роналд Араухо и сегашните економски можности на клубот. Радио Каталонија не открива детали за висината на платата, само вели дека таа е три пати повеќе од она што играчот го заработува во моментов.

Роналд Араухо пак верува дека заслужива повисока плата и бара да биде на нивото на Педри и Ансу Фати. Дополнителен проблем е тоа што дефанзивецот со своите одлични партии го привлече вниманието на неколку клубови и има понуди од Премиерлигата со кои ќе заработува многу повеќе.

Па Уругваецот сега ќе треба да одлучи дали ќе остане на Камп Ноу или привлечен од парите ќе замине. Неговиот актуелн договор е до јуни 2023 година.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×