Што му кажа Мбапе на Погба за случувањата во ПСЖ? (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Атмосферата на „Паркот на Принцовите“ е нарушена по елиминацијата од Реал Мадрид во Лигата на шампионите, а дека нешто не штима во Париз покажа и поразот од 3-0 од Монако, по кој Маурисио Покетино порача дека е неприфатливо однесувањето на одредени играчи.

Медиумите говорат за поделба и судар на кланови (оние кои зборуваат шпански и оние кои зборуваат француски) а новинарот Даниел Риоло прстот го впери кон Нејмар, изјави дека Бразилецот слабо тренира и на тренинзите доаѓа речиси пијан.

На денешната средба во кампот на Франција, Пол Погба се обиде да дознае од Килијан Мбапе повеќе информации за случувањата во ПСЖ, камерите уловија краток разговор помеѓу двајцата.

Килијан Мбапе се обиде медиумите да слушнат што помалку од разговорот, но се шпекулира дека дел тој му кажал на својот сонародник дека му „преку глава“ од случувањата.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×