Иднината на
Маурисио Покетино во Париз е под голем знак прашалник откако ПСЖ доживеа
елиминација од Реал Мадрид во осминафиналето во Лигата на шампиони. Се најавува
дека новиот неуспех во Европа ќе донесе големи промени на „Паркот на принцовите“
и тренерот ќе биде една од жртвите.
Според пишувањата
на Л’Екип, Маурисио Покетино добро ќе се офајди доколку добие отказ.
За промена на
тренерот и тренерскиот персонал, ПСЖ ќе треба да искешира околу 20 милиони
евра. Од оваа сума, 15 милиони евра ќе завршат на сметката на Маурисио
Покетино, додека останатите 5 милиони евра ќе ги поделат неговите соработници.
Л’Екип додава
дека ПСЖ се кае што пред почетокот на сезоната му го продолжи договорот на Аргентинецот
и се обврза на соработка до јуни 2023 година.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.