Весникот Спорт
утрово објави дека Рафиња од Лидс е новата цел број 1 на Барселона откако Чави
дал зелено светло за ангажман на Бразилецот.
Поранешниот играч
на Барса, Деко е агент на Рафиња и тој уште пред почетокот на сезоната го
понудил офанзивниот фудбалер на „каталонците“. Тогаш немало конкретни
преговори, но двете страни неодамна отвориле разговори и си подале рака за
петгодишна соработка.
Добро упатениот
новинар Фабрицио Романо го потврди интересот на Барселона и пренесе дека клубот
од Камп Ноу со недели работи на оваа зделка. Се водат преговори со Деко, кој е
близик со Жоан Лапорта, но во моментов нема контакти помеѓу двата клуба.
Во меѓувреме,
медиумите од Бразил пренесуваат дека Рафиња го одбил предлогот на Лидс за нов
договор и покрај тоа што „белите“ му нудат два пати поголема плата. Фудбалерот бара
да му биде намалена откупната клаузула од 70 милиони фунти (околу 84 милиони
евра) со цел да може полесно да направи трансфер во иднина.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.