ПСЖ е во криза по
елиминацијата од Реал Мадрид во Лигата на шампиони, изминатиов викенд следуваше
нов срамен пораз од 3-0 во дуелот со Монако.
На сите им е
јасно дека нешто не штима на „Паркот на принцовите“ а новинарот Даниел Риоло
прстот го впери кон Нејмар и порача дека Бразилецот ќе го уништи клубот, затоа
е најдобро што побрзо да замине.
„Тој речиси и
воопшто да не тренира, на тренинзите доаѓа мизирен, речиси пијан. Нејмар е во
духот на одмаздата против ПСЖ. Целесно има расчистено и со клубот и со соиграчите“
– вели Риоло.
„Најдобро е да му
напишеме чек и да го пуштиме да си оди. Тој му прави голема штета на клубот. Пуштете
го да си оди , го уништува ПСЖ“.
Нејмар е
најскапото засилување во историјата на ПСЖ вредно 222 милиони евра. Бразилецот
исто така е најплатениот фудбалер во Париз и првенството на Франција со нешто над 4 милиони
евра бруто месечна плата.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.