Овермарс со успех ја извршуваше функцијата спортски директор во Ајакс, но во меѓувреме на своите колешки им праќал непристојни пораки, дури и слики од неговиот полов орган. Откако се дозна за неговото однесување, клубот му даде отказ.
Марк Овермарс веднаш изрази жалење и се извини за неговото однесување.
Но, на белгискиот клуб Антверпен не му пречеше неодамнешното минато на Овермарс, па му ја понуди истата функција која ја извршуваше во Ајакс.
Антверпен има прогрес во последните години и се очекува наскоро да биде на врвот на белгискиот фудбал. Овермарс важеше за еден од најдобрите фудбалски работници, на Ајакс му донесе заработка од нешто повеќе од 350 милиони евра само од продажба на фудбалери.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.