Пиоли: Се обидуваме да испишеме нови страници во клупската историја на Милан

by
1 минути читање

Шефот на
стручниот штаб на Милан, Стефано Пиоли подвлече дека во клубот се чувствува
исто како во свој дом, а додаде дека притисокот е дел од неговата работа, со
тоа што неговите избраници се во исклучително голема битка за овосезонското „Скудето“.

Сите ние заедно
во клубот се обидуваме да испишеме нови страници во клупската историја
“ рече
Пиоли.

По само неколку
денови во клубот почувствував нешто што никаде не сум го почувствувал, се
почувствував како да сум во мојот дом, тоа е Милан за мене, мојот дом, а притисокот
е дел од мојата работа, но исто така и мотивација бидејќи постојано ме
потсетува дека можам подобро
“ додаде искусниот италијански фудбалски стратег.

Нашата цел е да
ги направиме нашите навивачи среќни, токму затоа и играме, задоволство е да се
има вакви прекрасни навивачи, никогаш нема да престанам да им се заблагодарувам
бидејќи нивната пасија е секогаш нешто посебно за нас
“ заклучи Пиоли.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×