Сопругата на
стоперот на Барселона, Џерард Пике, Шакира со интересна објава ја прослави
убедливата победа на Каталонците кај лутиот ривал Реал Мадрид со 0-4.
Пике одигра
одличен меч во таборот на Чави, а на неговите перформанси реагираше и Шакира
која гестикулираше со бројот „4“, а воедно и го испофали својот сопруг на
социјалните мрежи.
„Џерард не ми
дозволува овие работи да ги кажувам јавно“ почна Шакира во својата објава.
„Но, само тој со
неговото херојство може да игра на ваков начин, секогаш над повредата, секогаш
над болката, секогаш со максимум и најдоброто од себе на теренот“ додаде популарната пејачка.
„Не е дека тој ми
е сопруг, но тој е дефинитивно најдобриот централен дефанзивец во светот“
заврши Колумбијката.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.