Нема договор, Дибала и Јувентус се разделуваат по крајот на сезоната

by
1 минути читање

Челниците на Јувентус и агентот на Дибала, Жрге Антун денеска имаа состанок за евентуален нов договор на Аргентинецот. Разговорите завршиле неуспешно, тоа што го нуди Јуве, не е тоа што го сака Дибала.

Актуелниот договор на Дибала истекува по крајот на сезонава, па тој од јуни како слободен играч ќе се пресели во друг клуб.

Дибала и Јуве имаа вербален договор во октомври за плата од 8 милиони евра плу 2 милиони евра во бонуси до 2026 година. Тој договор требаше да биде потпишан во декември, но Јувентус се предомисли и ја повлече таа понуда.

Новата понуда на Јувентус беше значително помала од таа, па Дибала не сакаше да потпише договор под новите услови на клубот.

Двете страни не отстапија од своите позиции ниту денеска, па до нов договор не дојде.

Интерес за Дибала има од Премиерлига, се поврзуваше со Тотнем, Ливерпул и Манчестер Сити, од Ла Лига со Барселона, а во Италија е интересен за Интер, но се вели дека од почит кон Јуве нема да потпише за нероазурите.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×