„Артета дали гледаш? Не ми се верува колку лесно се откажа од напаѓач кој е светска класа!“

by
1 минути читање

Синоќа на
програмата беше „Ел класико“, Реал Мадрид беше понижен на Сантијаго Бернабеу,
Барселона забележа убедлива победа од 0-4.

Пјер Емемрик
Обамејанг имаше одлична партија со два гола и асистенција, па стигнаа многу
забелешки на адреса на Микел Артета. Тренерот на Арсенал влезе во недоразбирања
со напаѓачот, не го играше и во јануари му дозволи за беспари да се пресели на
Камп Ноу.

Габонецот за
кратко време постигна девет погодока во дресот на Барселона, па новинарот Пирс
Морган не се штедеше со критиките кон Микел Артета.

„Уште еден
брилијантен гол на Обамејанг, овоја пат на „Ел Класико“. Тој е најубинствената
гол машина во светот по преселбата во Барселона… и со секој постигнат гол, одлуката
на Артета да го пушти изгледа се повеќе апсурдна“
– напиша Пирс Морган кој
потоа влезе во дискусија до други навивачи.

„Работа на
тренерот е да менаџира со големите таленти и да го извади најдоброто од нив а
не да ги избрка од клубот“.

Подоцна напиша: „Обамејанг
повторно погоди на „Ел класико“. Два погодока и асистенција до сега, а се игра
само 53-тата минута. Дали гледаш Микел Артета?“

За крај тој
додаде: „Уживам во магијата на Обамејанг во дресот на Барса и во исто време ни
ми се верува и сум бесен на тоа колку лесно Арсенал се откажа од напаѓач кој е
светска класа“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×