Уште една чудесна
фудбалска приказна во која херој е 18 годишниот Мустафа Сисе. Младото момче до
минатиот месец играше во осма лига во тим составен од бегалци и луѓе кои бараат
азил во Италија.
Животот му се
менува кога скаути се импресионирани од она што го гледаат на пријателски
натпревар против Лече и тој се сели во Аталанта.
Напаѓачот за
кратко време остава трага во Бергамо, постигнува два гола за победа на
Примавера тимот од 3-1 против Милан, а потоа постигнува и гол за победа од 1-0
над Наполи.
Џанпјеро
Гасперини е задоволен од она што го видел, па со оглед на кризата со повреден
играчи, го вметнува Мустафа Сисе во првиот тим и синоќа против Болоња му дава
шанса за деби во Серија А.
Фудбалерот од
Гвинеа не можеше подобро да возврати за укажаната шанса, ја затресе мрежата на
противникот и донесе победа од 0-1 со која „нероаѕурите“ остануваат во трка за
топ четири пласман и место во Лигата на шампиони.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.