Меси не е ниту бледа сенка од себеси во ПСЖ, Аргентинецот ретко постигнува голови, особено во француското првенство и се почесто станува мета на критики.
Меси има договор со ПСЖ, но нејасни се плановите на францускиот клуб со него, дали ќе инсистираат да го задржат или би му дозволиле да си замине.
Дани Алвес се надева на второто и враќање на Лео во Барселона.
„Се надевам дека Лео Меси ќе се врати во Барселона. Според мене тој не ужива таму, не може да се пронајде на тоа место“, вели Дани Алвес.
„Ќе кажам нешто што Лео секогаш ми велеше: „Каде ќе бидеш подобар од тука“, и во право е. Го искусив тоа“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.