Баерн Минхен заврши со калкулирањето, на Левандовски ќе му понуди нов тригодишен договор вреден 85 милиони евра

by
1 минути читање

По изјавата на агентот Пини Захави дека Роберт Левандовски не добил никаква понуда
и шпекулациите дека напаѓачот е лут на раководството на Баерн Минхен поради тоа
што не му нудат нова соработка, Билд најавува дека Полјакот наскоро ќе биде
контактиран од генералниот извршен директор Оливер Кан.

Како што пренесува весникот, „баварците“ се помириле со идејата дека ќе
мора да му ја зголемат платата на Роберт Левандовски (се верува дека во моментов
таа изнесува 24 милиони евра по сезона) па ќе завршат со калкулирањето и ќе му презентираат нов договор.

Шампионот на Германија на маса ќе стави тригодишна соработка, а целиот пакет
ќе тежи 85 милиони евра.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×