Данило контра Алегри: Не знам што се случи но мора да им се извиниме на навивачите

by
1 минути читање

Јувентус одигра 1-1 на гостувањето кај Виљареал, вечерва имаше неколку добри шанси, Влаховиќ ја погоди рамката од голот а гостинскиот голман со одлична интервенција го спречи Мората.

„Старата дама“ притискаше но една грешка на Ругани го однесоа натпреварот во поинаков правец. Морено од белата точка донесе 0-1, кратко потоа Торес осамен рутински реализираше за 0-2 по еден корнер за во финишот Де Лихт да направи уште еден пенал и гостите да стигант до 0-3.

И додека Макс Алегри рече дека нема за што да им замери на избраниците и дека не би променил ништо во пристапот, Данило има поинакви гледишта.

„Ова е Лига на шампиони, тимовите играат на многу високо ниво и се случуваат вакви работи. Мораме да извлечеме поука од ова, за да се натпреварувате на највисоко ниво, треба да бидете сконцентрирани до самиот крај. Немавме добар баланс помеѓу нападот и одбраната и противникот не казни. Направивме одредени грешки, мораме да се подобриме и да продолжиме да работиме секој ден бидејќи деталите ја прават разликата“ – вели десниот бек.

„Тешко е да се разбере што се случи, можеме само да им се извиниме на навивачите и да научиме важна лекција“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×