Јувентус го заврши настапот во Лигата на шампионите, „старата дама“ вечерва на домашен терен загуби од Виљареал со 0-3. Избраниците на Макс Алегри беа подобар противник во најголемиот дел од мечот, Виљареал немаше ниту еден шут кон голот, но работите се променија кога Ругани реагираше неспретно и направи пенал.
Гостите поведоа со 0-1, и потоа уште два пати ја тресеа мрежата на Јувентус.
По последниот свиреж на судијата, Макс Алегри беше видно иритиран но стратегот одби да каже кој го налути.
„Не му се лутев на Емри, му честитива, го имаше правиот пристап, ова беше една од неговите типични партии“ – рече тренерот на Јувентус.
„Не му бев лут ниту на судијата, ајде да не правиме контроверзии… треба да зборуваме за фудбал“.
„Не би променил ништо и повторно би одиграл онака како што игравме. 75 минути момците одиграа добро, имавме шанси во првото полувреме, а во вториот дел, Виљареал се бранеше со сите играчи и еден инцидент го отвори мечот. За жал вакви работи се случуваат во фудбалот, особено во Лигата на шампиони“.
„Мораме да го прифатиме овој лош пораз, немам што да им замерам на моите избраници. Можеби во финишот бевме малку наивини“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.