„Ѓаволите“ го
завршија настапот во Лигата на шампиони, вечерва беа поразени со 0-1 на Олд
Трафорд во реваншот против Атлетико Мадрид и доживеаја елиминација од најелитното
европско натпреварување.
Голот падна кон
финишот на првиот дел, Манчестер јунајтед очекуваше прекршок над Еланга,
судијата не досуди ништо, гостите тргнаа во напад и Лоди ја затресе мрежата за
0-1.
„Мислам дека
одигравме добро во првото полувреме. Сите работи што планиравме да ги сториме
ги сторивме, едноставно не ја претворивме добрата игра во гол. И кога играте
против тим како Атлетико, многу е важно да го постигнете првиот гол. Уште
поважно е да не примите гол, а ние примивме точно пред полувремето“ – вели Ралф
Рангник.
„Мислам дека
имаше прекршок над Еланга, но судијата и помошникот не сметаа така“.
„Во второто
полувреме беше тешко, играта беше прекинувана на секој 2-3 минути, постојано
некој лежеше на тревата“.
„Имаше некој
чудни одлуки на судијата, тој премногу лесно падна во замката на Атлетико и тоа
што намерно задржуваа време“.
„Беше смешно тоа
што покажа само четири минути продолжување“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.