Барселона долго
време се гордееше дека е еден од малкуте клубови кои немаат спонзор на дресот,
потоа се појави логото на УНИЦЕФ, но наместо „каталонците“ да добиваат пари,
тие донираа во добротворни цели.
Но за да може да им
парите на останатите гиганти, Барселона во 2010 ја напушти традицијата долга
111 години и потпиша спонзорски договор со „Катар Фондација“.
12 години
подоцна, Барселона прави нов компромис на вредностите за финансиска добивка, за
прв пат во историјата, стадионот ќе носи име на спонзор.
Вечерва беше соопштена
соработката помеѓу „каталонците“ и Спотифај, логото на стриминг сервисот ќе
стои на дресовите на машкиот и женскиот фудбалски тим, како и на тренинг
опремата и ќе го носи и името на стадионот, кое во иднина ќе биде „Спотифај
Камп Ноу“.
Детали не беа
откриени, останува да се види колку милиони ќе се слеат во клупската класа од
оваа историска соработка.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.