286
Едно невнимание на одбраната на Манчестер јунајтед беше доволно за Атлетико Мадрид да се пласира во четвртфиналето од Лигата на шампионите.
Клучниот момент се случи во 41. минута кога по асистенција од Гризман, Лоди погоди за водство на Атлетико Мадрид од 1-0 кое се покажа и како конечен резултат.
Манчестер јунајтед во вториот дел се обидуваше да дојде до израмнување, но тимот на Диего Симоене знаеше како да оддолее на нападите и на крајот се радуваше на голема победа.
Слично беше и на мечот меѓу Ајакс и Бенфика, и тој почна со нерешно, а заврши со победа на гостите.
Натпреварот го реши Нуњез со гол во 77. минута за победа на Бенфика во Амстердам од 1-0 и вкупен триумф од 3-2.