157
„Газета дело
Спорт“ известува дека селекторот на Италија, Роберто Манчини има една дилема во
поглед на изборот на составот за мечот со Македонија, а тоа е кого да одбере
помеѓу Марио Балотели и Жоао Педро.
Манчини
претстојниов петок ќе го објави конечниот избор во поглед на составот на „Аѕурите“,
а барем засега единствена дилема му е изборот на напаѓачите, Балотели последен
пат запиша настап за националниот состав на Италија во 2018 година, а Педро се
уште нема ниту еден настап.
Обајцата беа дал
од списокот на Манчини во јануари, меѓутоа „Газета дело Спорт“ наведе дека
тешко е дека истото сценарио би се повторило и во плејофот.