Конте со коментар за враќањето на Ериксен во националниот состав на Данска

by
1 минути читање

Кристијан Ериксен
доживеа срцев удар на Европското првенство ланското лето, а одново се врати во
националниот состав на Данска по тој настан, откако полека но сигурно се враќа
на колосекот во дресот на премиерлигашот Брентфорд.

Актуелниот тренер
на Тотнем, а поранешен на Интер, Антонио Конте не крие дека е среќен за
враќањето на неговиот поранешен соработник од редовите на „Нероаѕурите“.

Многу сум среќен
за Кристијан, за мене е нешто посебно тоа што го гледам како игра два меча во
низа, како стартува од првата минута на еден натпревар, како е инволвиран во
сето тоа, како игра добро на теренот, како победува со Брентфорд…
“ рече
Конте.

Сметам дека
зборуваме за еден исклучително важен фудбалер, но, првично за една прекрасна
особа, навистина е така, тој и неговото семејство заслужуваат да живеат во
нормална ситуација, многу сум среќен за него…
“ додаде италијанскиот фудбалски
стратег.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×