На Гвардиола не му се допадна однесувањето на голманот на Кристал Палас

by
1 минути читање

Титулата во
Премиерлигата не е во сигурни раце на Манчестер Сити, трката за тронот на
Островот допрва ќе се решава, а Кристал Палас му „откина“ два бода на големиот
фаворит синоќа.

Предводникот на „Граѓаните“,
Пеп Гвардиола видно револтиран од резултатот на неговите избраници, својот бес
го истури на голманот на Кристал Палас, Висенте Гуалта кој имаше фантастични
перформанси на „Селхурст Парк“.

Тоа што посебно
не му се допадна на Гвардиола во однесувањето на Гуалта беше честото задржување
на времето од страна на шпанскиот голман, што му го кажа директно по последниот
судиски свиреж.

Инаку Гвардиола
по мечот наведе дека неговите избраници одиграле добар натпревар, но го наведе
лошиот терен како една од причините за исходот од пресметката.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×