Фудбалерот на
Њукасл, екс член на Атлетико Мадрид, Киеран Трипие има само пофалби за својот
поранешен тренер од редовите на „Јорганџиите“, Диего Симеоне, за кого открива
дека му се јавувал дури и доцна во ноќта додека спиел.
„Тоа што го
гледате крај аут линијата, токму тоа во реалноста е Симеоне, таков е секој ден
на тренинзите, толку е голем емотивец, опседнат со фудбалот“ вели Трипие.
„Во многу
ситуации ми се јавувал доцна во ноќта додека сум спиел, тоа е толку лудо, тоа е
нешто што претходно не сум го искусил, тој ќе ми зборуваше за некои детали од
мојата игра каде треба да се подобрам, а јас едноставно сакав само да се обидам
да заспијам во тие моменти“ додаде Англичанецот.
„Имам толку многу
пораки добиени од него, во истите тој ми испраќа детали од мојата игра, толку е
опседнат со сето тоа, тој е неверојатен тренер, емотивец е вистинскиот збор со
кого би го опишал“ подвлече Трипие.